Фортон истражување: Становите лани поевтинија 11%, што годинава го очекува пазарот на недвижности!?
Објавено во: Македонија 14 Март, 2013 08:23
Слободниот деловен простор од класа А (Бизнис Центри) бележи раст од 5% во споредба со првата половина од 2012-та. Во просек 19% слободен (не-изнајмен или не-продаден) класа А деловен простор се бележи во 2012 година. Исполнетоста на класа Б деловен простор (простор надвор од бизнис центри) остана стабилна во текот на втората половина на 2012-та година.
Исто така се бележи и раст на побарувачката на канцелариски простор со поголема површина (м2) и тоа од 340м2 по закупец во првата половина , на 730 м2 во втората половина на 2012. Просечната квадратурата која се бележи во периодот е нетипчна за овој пазар и се должи на движењето на поголеми компании во истиот период и не претставува објективна слика за типичната побарувачка.
Во однос на цените, пад на истите се бележи во премиум сегментот од класа А (Бизнис центри) канцелариски простор, и тоа за 20% во однос на 2011 та година. Најактивни во креирањето на побарувачката во дадениот период како и очекувано во периодот кој претстои се компаниите од ИТ секторот.Најголем успех во пополнување односно издавање на простор бележи Синерџи Бизнис Центарот, и тоа од 23% на 78% во текот на 2012та година.
3. Движења на пазарот со деловен малопродажен простор (Трговски центри)
Најзабележителен раст бележи малопродажниот сектор, односно со отварањето на Skopje City Mall се зголеми нето површината во м2. Имено, се зголеми слободниот малопрожен простор во постоечките трговски центри и централните пешачките зони (Улица Македонија итн.).
Цените за најатрактивниот простор во Скопје се движат околу 40 евра по м2 на месечно ниво, а се однесува за капацитети од 100 до 150 м2, што претставува за 20% повисока закупнина во однос на соседните главни градови како Белград или Софија.
Просечната цена за закуп во Скопје на Ул. Македонија е околу 30 евра по м2, но сепак се очекува минимално намалување во наредниот период. Во другите поголеми градови во државата нивото на цените за закуп на слични простории се и до 40% пониски т.е. околу 15 евра по м2 на месечно ниво.
Во однос на цените за изнајмување конкретно во шопинг центрите, истите остануваат прилично високи за овој пазар и земајки ја во предвид куповната моќ на потрошувачите се очекува намалување на цените за закуп во наредниот период. Во таа насока, определен број на закупци имаат потешкотии во подмирување на обврските по основ на закупнина, примарно во Skopje City Mall.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





