Форумот на слободоумни патриоти повикува да се бојкотираат митинзите на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2016 10:08
Форумот на слободоумни патриоти денеска упати јавен повик до членовите на ВМРО ДПМНЕ, и ги повикува да ги бојкотираат настаните и митинзите на раководството на партијата поради предизборната коалиција со некои партии и поради составот на изборните листи.
„Со оглед на фактот дека актуелното раководство одамна не го интересира членството и партијата, а тоа го докажува со смешната коалиција со Сојузот на Титови леви сили, менување на партиските бои со боите на Сојузот на Титови леви сили, со ставање на листи на луѓе кои се осомничени за тешки кривични дела, со гласањето за амнестија на злосторства против човештвото итн. Форумот на слободоумни патриоти ве повикува во периодот што претстои, па се до 11 декември кога се одржуваат предвремените парламентарни избори на огранизиран бојкот на настаните и митинзите на врхушката. Доста не игнорираа и не користеа само кога им требавме, за избори“ - се наведува во соопштението.
Повикуваат на бојкот на денот на избори, граѓаните да не одат и да не гласаат. Само со бојкот можат да им покажат дека нема повеќе да дозволат да бидат понижувани, додаваат од ФСП.
ВМРО ДПМНЕ и после 11 декември ќе биде силна партија, но не со лица кои се осомничени за тешки кривични дела во нејзиното раководство, стои во соопштението од ФСП.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




