(ФОТО) 70 автобуси со бегалци пристигнаа во Белград
Објавено во: Балкан 24 Август, 2015 11:35
Во текот на изминатата ноќ во српската престолнина Белград пристигнаа 70 автобуси со бегалци. Тие доаѓаат од привремениот камп во Прешево, во југоисточниот дел на Србија.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН (ВКБ на ОН) соопштил дека над 7.000 имигранти пристигнале во Србија во саботата кон неделата. „Над 7.000 лица влегоа во Србија во текот на ноќта во саботата кон неделата, откако успеаја да преминат од Грција во Македонија и да се качат на воз во градот Гевгелија“, соопштил Високиот комесаријат на ОН за бегалците во соопштението.
Само за последните два месеца во Македонија влегле над 44 000 луѓе. Сите тие се транспортираат организирано од грчките власти до македонската граница, во близина на Гевгелија.
Македонија, која прогласи вонредна состојба во четвртокот и испрати полиција и армија на границата со Грција, за да го запре преминувањето на мигранти ја отвори во саботата границата, откако група од околу 1.000 имигранти го пробија полицискиот кордон.
Истовремено од Црвениот крст и Црвената полумесечина повикаа на „повисоко ниво на соработка и колективни напори“ за да се задоволат потребите на мигрантите. Тие предупредија за „драматично зголемување“ на бројот на луѓето кои ќе доаѓаат во наредните денови од грчките острови.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација







