17 Декември, 2025
0.0399

(ФОТО) Ако влезете во овој град, поздравете се со животот!

Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2014 20:37

Добивај вести на Viber

Средоземното Море на туристите вообичаено им е вистинска слика на рајот - прекрасни плажи, чисто море, модерни апартмани, добра услуга. Вака е во повеќето крајбрежни градови. Но, еден град на Средоземно Море ја нарушува оваа слика. Станува збор за Вароша на Кипар - сосема е празна, 365 дена годишно и така е веќе четири децении. Вароша е град на духови, заради што веројатно е најпосебната дестинација на Медитеранот. Вароша некогаш беше ексклузивно место. Пред да биде напуштена во 70-тите години на минатиот век, била една од најпосетуваните дестинации на светот. Заради туризмот, кој таму бил бизнис број еден, градот е преполн со хотели. Вароша била локација која ја посетувале холивудски ѕвезди како Елизабет Тејлор и Ракел Велч во раните 70-ти години и тогаш се чинело дека ќе станува се попопуларна. За време на туристичкиот бум започнала изградба на многу луксузни хотели, но многу од нив останале недовршени. Што се случило? За жал, политиката како што често се случува, се замешала и променила се. Особено кога Турците извршиле инвазија на Кипар во 1974 година, Вароша станала жртва на конфликтот. Локалното население го напуштило градот кога низ него започнале да се шетаат грчки и турски војници. Кога Турците целосно го презеле градот, се опкружиле со ограда и официјално им забраниле на сите да се вратат и таму да живеат. Меѓународните политички тела се обиделе да договорат на жителите на градот да им се дозволи враќање, но без успех. Официјално, се уште е незаконски за кој било да влезе во Вароша, до таа мера што Турците поставија ограда околу целиот град уште од 1974 година и на војската и издадоа наредба да ги убијат сите што ќе се обидат да влезат. Таа наредба е уште на сила.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни