(ФОТО) Анџелина Џоли за прв пат лично се сретна со Кралицата Елизабета II
Објавено во: Стил 10 Октомври, 2014 19:11
Семејството Џоли - Пит денеска беше во официјална посета кај британската кралица Елизабета II која официјално ја награди славната актерка за нејзината добротворна работа во борбата против сексуалното насилство.
Една од најубавите жени на светот, Анџелина Џоли прими орден од кралицата во Бакингамската палата. Џоли, која е една од најплатените актерки на светот и позната по својата долгогодишна добротворна работа, беше облечена во елегантна комбинација кога дошла да се сретне со кралицата.
Медиумите наведуваат дека Анџелина била во посета заедно со својот сопруг Брет Пит и децата, но остатокот од семејството не се согласил на објавување на официјалните фотографии од овој престижен настан.
Интреесниот настан го проследија многу медиуми ширум светот, бидејќи семејството Џоли Пит за прв пат официјално и се претставува на кралицата лично.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:







