19 Декември, 2025
0.0752

(ФОТО) Автомобил на годината во Македонија за 2016-та

Објавено во: Стил 26 Март, 2016 13:49

Добивај вести на Viber

На свеченото доделување на наградите #Автомобил на годината во Македонија" кое се одржа на 25-ти март во Хотел Александар Палас, престижната наградa „SUV на годината во Македонија” му беше доделена на новиот BMW X1.

Националното жири го награди баварскиот теренец пред се поради новитетите кои ги нуди, истакнувајќи го фактот дека ова е прв модел со изведба на преден погон, а неговата дизел изведба на пазарот се појавува со исклучителнo конкурентна цена од 29.980 евра.

Photo 20

Карактеристичниот BMW X1 е автомобил каде стилските карактеристики на концептот SAV (спортско активно возило) се сретнуваат со динамиката и атлетичноста на урбаниот начин на живот. Се карактеризира со моќно дефинирана силуета со долго меѓуоскино растојание и аеродинамична форма кои го зголемуваат возачкото задоволство. Ентериерот е од високо квалитетни материјали кој подржан со интиутивниот оперативен концепт ги третира своите патници на повисоко ниво.

Идеалната комбинација на атлетски дизајн со компактни надворешни димензии, комфор, флексибилност, висока просторност и багажен простор заокружени со малата потрошувачка го прават BMW X1 идеален партнер за сите планирани патувања независно дали е во урбана или во off-road средина.

 

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се