17 Декември, 2025
0.0552

(ФОТО) Белград: Спектакл и на небо и на земја!

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2014 20:32

Добивај вести на Viber

Воената парада „Чекор на победникот“, по повод 70 години од ослободувањето на Белград во Втората светска војна, прва после 29 години, заврши со звуците „Марш на Дрина“.

Парадата започна, исто така со звуците „Марш на Дрина“, но и со свечен оган и химна на Република Србија, а претседателот на Србија официјално се обрати од средната бина пред Палатата „Србија“.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ порача дека заедничката славна историја на Србија и Русија е трајна и нераскинлива врска на братството, пријателството кое одсекогаш постоело, е, и ќе биде гордост на нивните држави и народи, на благосостојбата на секој добронамерен човек на светот.

Обраќајќи се пред високите претставници на Руската Федерација и претставници на дипломатскиот врв, пред многубрјоните гости и граѓани на парадата на заедничките воени сили на Србија и Русија по повод 70 години од ослободувањето на Белград, Николиќ рекол дека Србија зад себе засекогаш ги оставила војните.

На присутните им се обрати и рускиот претседател Владимир Путин.

„Нас не спојуваат заеднички сеќавања. Тие се нашата гордост и им должиме благодарност на ветераните и тежнемее да бидеме достојни за нивната слава. Ние плативме висока цена и мора да им се спротивставиме на обидите на хероизација на нацистите и помагачите“.

Путин рекол дека од срце им го честита празникот на пријателите и граѓаните на Србија, дека ги очекува на гости во мај 2015 на 70 годишницата од победата и говорот го заврши со зборовите „Да живее братска Србија“.

После скокањето на падобранците од хеликоптерите, почна дефилето на Српската Војска.

И покрај дождот, не изостанаа овациите на граѓаните за Гардата на ВС.

Се претставија пешадиски и текновски единици на Војската на Србија, додека на Дунав припадниците на Речната флоти ја прикажаа својата уметност.

На воената парада се ангажирани повеќе од 300 различни подвижни средства на наоружување и воена опрема за различна намена, вклучувајќи и ракетните системи „нева“ и „куб“.

Тука се и лансер ракетите „оган“, „Нора“, тенковите M-84, противавионските топови „бофорс“, но и новите средства за наоружување, кои допрва ќе бидат воведени во наоружувањето на Војската на Србија - како беспилотни летала.

Во составот на ешалонот на Речната флота се наоѓаа 14 бродови, амфибиски-напад чамци, „миноловци“, брод за специјални намени „Козара“, патролни чамци и речниот брод за специјална намена „36 Шабац“ во чија прикажана уметност уживаа бројни граѓани.

Парадата ја организираат Министерството за одбрана и Војската на Србија врз основа на одлука на претседателот на Републиката, а командантот е, по наредба на министерот за одбрана, началник на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ.

Околу 20.000 граѓани ја следеа воената парада на која освен државниот врв на Србија, присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин кој околу пладне допатува во Србија и најпрво се состана со претседателот на Србија Томислав Николиќ, кој му додели орден, а потоа и со премиерот Александар Вучиќ.

Од ВИП ложата воената парада ја следеа и членови на Владата на Србија, пратеници на Собранието на Србија, претседателот на РС, ветерани од Втората светска војна, но и хаските обвинители Момчило Перишиќ, Милан Милутиновиќ, Драгољуб Ојданиќ.

Улиците на Нов Белград, каде се одржуваше парадата, беа преплавени со граѓани, кои освен обележја на српската земја, носеа и слики од претседателот на Русија.

 

Некои од граѓаните oдлучија воената парада да ја следат од тврдината Калемегдан.

На воената парада која прв пат се организира од 1985 година, учествуваа околу 4500 припадници на Војската на Србија, а ангажирани се повеќе од 300 различни подвижни средства на наоружување и воена опрема.

На парадата учествуваше и познатата руска летачка група „Стрижи“ а 30 падобранци на Војската на Србија, во широкиот регион на „Вечен оган“ помеѓу Булеварот Никола Тесла и Дунав изведе падобранско слетување.

Со моторни и борбени возила, тенкови, различно артилериско оружје, и оружје за поддршка на Копнена војска, се прикажани и противоклопни средства, средства за специјална намена за електронски извидувања, авиони, хеликоптери ...

 

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни