(ФОТО) „Џони Вокер“ ги избра десетте врвни промотори на вистински вредности во Македонија
Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2014
Вчера во салонот на Ауди, се одржа настанот на кој Johnnie Walker ги прогласи десетте најуспешни мажи од нашето опкружување.
Станува збор за личности кои се вистински професионалци во својата дејност, кои со своето однесување и висок морал се емитери на вистинските вредности. Оваа година за лица на годината се избрани:
1. КАЛИН БАБУШКУ-партнер во Macedonia Export
2. ВИКТОР ДОНЕВСКИ-маркетинг директор во ONE Telecom Slovenia
3. АГИМ ИБРАИМИ-фудбалер, ФК Марибор
4. АДЕМ КАРАГА-актер, директор на Албански театар
5. ЗЛАТКО ЛАЗИЌ-директор на Алфа Банка АД Скопје
6. ИВАН НОВАКОВСКИ-менаџер на меѓународно училиште НОВА
7. СТОЈА ПАВЛЕСКИ-БАЦИ-архитект, ко-сопственик на Stone Design
8. АРМЕНД РАМАДАНИ-стилист, сопственик на Art Fashion
9. ФИЛИП СПАСОВСКИ-сопственик на Polyesterday, Akzent Media, Image print Srbija, Data Print I PoliSolaris
10. ИГОР СТЕФАНОВСКИ-ИЏЕ-рели возач
Johhnie Walker е добро познат синоним за статус и успех. Маркетиншката кампања KEEP WALKING и нејзиниот заштитен знак „Шетачот“ уште од 1821 година се симболи за чекорењето напред, постигнувањето успех и потрагата по прогресивни идеи.
Во овој дух, Гемак постојано се обидува да ги препознае успехот и успешните во својата околина, да им оддаде признание и да ги посочи како пример на идентификација на останатите.
Дел од овие активности е и настанот „Човек на годината” кој се одржува секоја година и претставува препознавање на вистинскиот успех, како личен така и општ.
Критериумите според кои се избираат личностите се: Издигнување во соодветната професионална околина над другите; Работа со позитивни ефекти врз заедницата кои делуваат мотивирачки врз околината; Квалитетни човечки вредности и морал; Активности преку кои Македонија се промовира и надвор од границите.
Настанот беше збогатен со соодветна музичко-сценска програма и интересна забава на која присуствуваа голем број личности од јавниот и естрадниот живот на Скопје.