Добивај вести на Viber
Откажаните летови од скопскиот аеродром поради маглата која го покри главниот град беа повод повторно да се огласи поранешниот премиер и сегашен бегалец од законите, Никола Груевски.
Во негов стил, вината за слетувањето на авионите на аеродромите во соседството ја насочи на опозиционерите, вечните противници на ВМРО, но ни збор кои се причините за маглата и загадувањето кое им ги скратува животите на жителите.
- Наместо во Софија и во Приштина авионите кои заради маглата не можеа денес да слетаат во Скопје, ќе можеа да слетаат на аеродромот меѓу Св.Николе и Штип.
За жал Заев заради лична корист се откажа од готов проект, со решени имотно-правни односи на земјата каде требаше да се изгради аеродромот за која буџетот плати со парите од народот, а истата земја заради лукративни причини ја дадоа на некој нивни пајташ за да си стави сончеви панели, на веќе потпишан цврст договор за инвестирање на концесионерот ТАВ, што значи немаше да има трошоци на буџетот за новиот аеродром, кој после 2028 година со доинвестирање од следниот концесионер, од карго можеше да се претвори во нов главен аеродром на 30 минути возење од Скопје, на место каде нема појава на магла - нагласува Груевски.
Тој додава дека нарушувањето на таков договор е кривично дело, бидејќи одредби кои се дел од тендерски услови на меѓународен објавен јавен повик не може да се менуваат со анекс на договорот, но додава дека обвинителството одлучи да молчи, и сеуште молчи.
- Одлуката за откажување меѓудругото директно оди во прилог на Бугарија, Косово и други околни држави - заклучува Груевски.
Еве го неговото обраќање на Фејсбук:
Неговата објава за кратко време предизвика бројни коментар, од кои дел го поддржаа и критиките ги насочија кон опозициската СДСМ, но имаше и такви кои укажаа дека и самиот сноси вина за состојбите во кои се наоѓа нашата земја, за одлуките кои ги носеше и за лицата со кои работеше додека беше на власт.
Фото: Притнскрин/Фејсбук