05 Декември, 2025
0.6878

ФОТО: Гоџи бери на македонските ниви – има ли профит?

Објавено во: Агробизнис 14 Јуни, 2016 10:59

Добивај вести на Viber

Кумановката Розита Трендафиловска веќе три години во селото Челопек одгледува гоџи бери бобинки на површина од 3 декари.

bbbbb

Оваа култура последниве години се популаризира меѓу македонските земјоделци. Трендафиловска објаснува дека е поборник за здрава храна и кога слушнала дека кај нас можат да се набават вакви садници, одлучила да се занимава со огледување на гоџи бери бобинки.  Таа вели дека има пласман, а цената е 500 денари по килограм.

„Одгледувањето на гоџи бери бара многу труд. Неколку пати во годината бараат кроење. Ангажирам луѓе за берење во сезоната и луѓе со механизација по потреба. Гоџи се бере рачно и еден човек дневно може да набере 5 килограми. Затоа цената ќе остане висока. На мојата плантажа секое зрно се бере со рака, и се носи ракавица за да не дојде до оксидација на плодот. Во моментов не планирам зголемување на површини со насади и се трудам да го менаџирам ова со што располагам“ - раскажува Трендафиловска.

Таа вели дека секојдневно оваа култура станува интересна за луѓето. Тие доаѓаат, ја посетуваат нејзината плантажа, прашуваат, а таа ги советува да засадат гоџи бери.

aaaaaa

„Секојдневно ме контактираат луѓе ширум Македонија. Сите ги охрабрувам да засадат гоџи бери. Не се плашам од конкуренција, напротив ако не има повеќе можеме и на европски пазар да излеземе.  Една важна работа која сакам да ја потенцирам- купувачите треба да се свртат и да купуваат македонски производи. Иако не сме во ЕУ, нашите закони се придвижуваат кон европските закони. Многу строги регулативи, тела за органско сертифицирање. Запрашајте се колку е органско гоџи увезено од Кина кое се суши на цемент покрај автопат, со што се третирани да не го напаѓаат инсекти и мувли?“- вели Трендафиловска.

Таа објаснува дека од оваа дејност има профит. По три години едно дрвце раѓа 3 килограми, а во наредните години има род и до 8 килограми.

ccccc

Комерцијалниот интерес за гоџи, во светски рамки, е огромен. Гоџи успева на речиси секакви почви до шеста-седма категорија, со pH вредност од 5 до 8. Земјиштето не смее да содржи тешки метали. Плодовите на гоџи бери се користат за подготовка на голем број десерти.

C.A.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?