05 Декември, 2025
0.0832

ФОТО: Како ќе изгледа новиот клинички центар?

Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2014 20:52

Добивај вести на Viber

Почна да се гради новиот клинички центар. Комплетниот лик новиот центар ќе го добие за три години. Премиерот Груевски изјави дека почетокот на оваа операција е со рушење на старата зграда на Клиниката за гинекологија која треба да се отстрани за да се изгради нов современ огромен комплекс клиники „Мајка Тереза“. - Тоа е на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија која е од 30-тите години на минатиот век, значи над 80 години стара, многу руинирана и затоа се изгради нова Гинекологија. На местото на старата зграда на Клиниката ќе почне градбата на новиот клинички центар. Практично, технички гледано, градбата на новиот објект почнува денеска со тоа што мора да се отстрани стариот објект, чекор по чекор, за да не се нарушат добрите услови за работа на околните објекти кои се дел од овој комплекс клиники „Мајка Тереза“, рече Груевски, додавајќи дека уривањето ќе трае три месеци.

Тој посочи дека многу внимателно, по сите безбедносни стандарди, ќе се отстрани сегашниот објект на чие место веднаш потоа ќе почне градбата на новиот објект во кој Владата инвестира околу 70 милиони евра.

Според плановите, во новиот објект ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести. На страна од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе остане и Клиниката за детски болести, каде ќе биде сместена и детската хирургија. Три ката на Хирургија ќе бидат слепени со овој објект. Со топол премин ќе биде поврзана и новата зграда на Клиниката за гинекологија.

- Во објектот ќе се сместат речиси сите клиники од комплексот „Мајка Тереза“, освен Инфективната која намерно е оставена да биде малку понастрана и ќе биде споена со Хирургија. Три ката на хирургија ќе бидат слепени со овој нов објект, а исто така ќе биде поврзан со топол премин и со Клиниката за гинекологија која е веднаш до овој објект, истакна Груевски.

Според сите параметри станува збор за модерен центар чија проекција многу внимателно ја изготвиле експерти кои имаат искуство во вакви објекти во други развиени држави во светот.

Други инвестиции во здравството

Шефот на Владата најави дека клиничкиот центар не е единствен проект во здравството планиран за 2014 година.

Во наредниве месеци ќе се гради нова кичевска болница, нова клиничка болница во Штип, детската клиника во Козле, а во тек е и изградбата на ПЕТ центарот и други проекти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите