(ФОТО) Македонци од Швајцарија за Фактор: „Корона паника има и овде, маски и средства ни за лек“

Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Март, 2020 13:37
Швајцарија е во вонредна состојба. Од петокот учениците се пуштени дома и до крајот на април нема да одат во училиште. Клуч на врата ставија продавниците, рестораните, баровите и други објекти.
Работат само маркетите за храна и аптеките.
Паниката со коронавирусот ги зафати и Швајцарците. За Фактор, Македонци кои живеат во францускиот кантон велат дека рафтовите во продавниците се празнат секојдневно.
„Вонредната ситуација стапи на сила викендов. Уште тогаш почна да се шири паниката со купување на намирници за дома. Истите слики како во Македонија, се и овде. Првично почна да снемува овошје и зеленчук. Потоа се испразнија полиците со месо, брашно, зејтин, макарони и шпагети и шеќер, но и ориз и тоалетна хартија“, раскажува нашата соговорничка Р.Д. додавајќи дека средства за дезинфекција на раце и маски се наоѓаат многу тешко во аптеките.
Материјал за учење за учениците по пошта
Забранети се секакви собирања по надвор. Децата не смеат да излегуваат и да дружат во парковите, пред училиштата и градинките како што беше случај пред да почне вирусот да се шири и во таа европска земја.
-Од 9 април децата требаше да останат на двонеделен распуст поради Велигденските празници, но во петокот од училиштата ни јавија дека од понеделник (вчера) се затвораат сите образовни установи и распустот почнува порано поради ситуацијата со коронавирусот. Дома ќе бидат до крајот на месецот. Во однос на наставата, за да нема пропусти во материјалот, на сите деца наставниците им праќаат материјал во плик по пошта кој учениците ќе треба сами да го учат додека се дома“, вели нашата соговорничка.
Затворени границите за странски државјани.
Мерка која исто така е донесена поради вирусот е „стоп“ на граничните премини за странски државјани.
-Од ова утро како што слушнавме на телевизија, на границите може да влезат само оние кои имаат дозвола за престој или работна дозвола, што значи дека влезот за странци и туристи е целосно забранет.
Ние планиравме празниците да дојдеме во татковината, но патувањата ги одложивме поради новонастанатата ситуација. Ги почитуваме препораките и на нашите овде, но и на македонските власти за спречување на ширењето на вирусот. На овој начин што ќе останеме овде ќе се заштитиме и себе а и нашите најблиски. Сметам границите требаше уште многу порано да ги затворат и кој каде се нашол таму да остане барем додека спласне ширењето кои очигледно допрва ќе зема замав - истакнува нашата соговорничка.
Имено, швајцарската влада одобри користење на 8 000 војници за помош во болниците и другите места.
Во таа земја заразата со коронавирус е потврдена кај повеќе од 2300 луѓе, од кои починале 19 лица.
Ирена Ставрова
Можеби ќе ве интересира
АКО НАТО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА: Руски разузнавач откри како ќе одговорат

(ВИДЕО) УКРАИНА СЕ ОДМАЗДИ: Тврдат дека ја уништиле бригадата која изврши напад во Суми

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ВО ФРАНЦИЈА: Имаше пукање, запалени автомобили и нападнати затвори

ЛАВРОВ ЗА КРИМ И КОСОВО: Западот смета дека Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците

ПОМИНАА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА ОРБАН - Унгарија ќе признава само два пола, машки и женски, еве кои се другите претходни ограничувања

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

МЕРЦ РАЗМИСЛУВА ПОИНАКУ ОД ШОЛЦ: Сака да испорача ракети Таурус во Украина

ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?

„Претседателот Илон“: Како Маск успева да го прави тоа што го сака во Белата куќа
