(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА ПРВА ДАМА НА ФРАНЦИЈА: Која е всушност сопругата на Макрон?
Објавено во: Свет 08 Мај, 2017 11:31
Франција ја доби новата прва дама. Нејзиното име е Брижит Троње, и од Емануел Макрон е постара 24 години. Првата дама на Франција сега има 64 години.
Со Макрон се запознале додека тој посетувал часови по глума кај неа како средношколец. Кога имал 17 години ѝ рекол дека сака да се ожени со неа.

Брижит е најмлада од шесте деца на Симон и Жан Троње од Амиен, универзитетски град на околу 140 километри северно од Париз. Пораснала во добро ситуирано граѓанско семејство кое поседувало фабрика за чоколадо основана во 1872 година и повеќе филијали, познати по специјалитетот „Macrons d'Amiens“.
Таа со нејзиниот прв сопруг има две ќерки и син. До пред две години работела како наставничка, а потоа дала отказ за да му помогне на нејзиниот сопруг во политичките води.

Француската телевизија „France 3“ објавила видео од училишна претстава од 1993 година на кое Макрон стои на сцената како плашило. Последните години од гимназија ги завршил во елитната париска гимназија „Хенри IV“, а наставничката останала во Амиен. Сепак, тие одржувале контакт, и со часови разговарале на телефон. Кога се разделувале, Макрон наводно ѝ рекол: „Што и да направите, јас ќе се оженам со вас“.
Во 2007 година му се остварила желбата. Брижит побарала развод од тогашниот сопруг и се преселила со Емануел во Париз. Кога Макрон влегол во водите на политиката, за многу Французи било тешко да се навикнат на двојката. Но, тоа подоцна се промени.
Жените во Франција сметаат дека љубовта на Макрон кон постара жена е навистина храбра.
Во предизборната кампања Брижит постојано го следела сопругот. На неговите манифестации игра активна улога и беше дел од стратегиите на предизборната кампања. За разлика од шефицата на националниот фронт, Марин ле Пен, Макрон на францускиот народ му дава можност да ѕирнат во нејзиниот приватен живот.
Оние кои ја познаваат Брижит велат дека е позитивна, рационална и срдечна жена.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




