16 Јануари, 2025
0.0478

(ФОТО) Најдобро украсените куќи и објекти си добија награда

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска во салата за состаноци на Кабинетот, свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни  бои на Скопје 2014“.

- Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент, истакна градоначалникот Трајановски.

За да се обезбеди максимална транспарентност при изборот на најубаво новогодишно украсените објекти во градот, пријавените објекти ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите и ги избра победниците.

За најубаво украсена семејна куќа, од дванаесет пријавени, е избрана куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров.

Kuka (1)

Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени шест, ја прогласи терасата на семејството Игњатовски на улица Жданец, број 16 А, во населба Жданец.

Terasa (3)

Од пријавените четири угостителски објекти, тричлената комисија, годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „DEJA VU “ во Аеродром.

Kafic (1)

За најубаво украсен двор на Средно училиште, во конкуренција од  пет пријавени, комисијата  го избра дворот на СУГС „Владо Тасевски “.

SUGS (2)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски упати благодарност  до ЕВН Македонија за повеќегодишната поддршка и учество во оваа градска манифестација и да им додели  благодарница.

Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата  компанија  веќе четврта година учествува и ја поддржува  манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје и нагласи дека и во иднина ќе ја поддржуваат оваа Манифестација, која од година во година станува се помасовно прифатена од граѓаните на Скопје.

Градоначалникот Трајановски на наградените во првите три категории им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?