29 Септември, 2024
0.0240

ФОТО: Најстарите корпоративни логоа во светот!

Објавено во: Анализа 15 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Уште пред појавата на маркетинг кампањи, телевизиските реклами и социјалните мрежи, корпоративното лого е исклучително важно. Со текот на времето бизнисот се промени значително, што доведе и до голем број промени на лицето, со што тој се претставува на клиентите. Некои компании, сепак тврдоглаво одбија да го сменат нивното лого, кое во текот на годините стануваат се повеќе популарно. Најстарите амблеми во светот ги имаат задржано основните црти текот на годините, но сепак биле значително стилизирани. Како логото на Stella Artois пример, што и до денес нè потсетува за раната историја на белгиската пиварница. Тоа било трансформирано неколку пати, но од неговото создавање во него фигурираат ѕвезда и рог, кои продолжуваат да ја презентираат компанијата во светот. Не е изненадувачки, дека првичната идеја зад секое корпоративно лого во многу случаи останува целосна мистерија за корисниците. Понекогаш тоа се должи на фактот дека логото е формирано пред компанијата да започне да врши дејност со која човештвото ќе ја запамети. Така на пример, корпорацијата Royal Dutch Shell првично се занимавала со транспорт на гас до Индија, од каде нејизните бродовите се враќале со морски школки, кои биле пласирани во Европа. Оттаму доаѓа и логото на една од најпознатите нафтени компании во моментов. Производителот на бои Sherwin-Williams, од друга страна, има преземено многу попрагматичен пристап. Амблемот на компанијата се состои од кутија со боја која се разлева врз векторска слика на планетата Земја. Многу фирми држат до својата долговечност и го користат како реклама за успешна активност. Тие често нагласуваат дека продолжуваат да се поврзани со основните корпоративни принципи, а нивното управување продолжува да го користи пристапот создаден од основачите. Во производителот на чај Twinings пример, како и во автомобилската компанија Peugeot, продолжуваат да работат наследници на луѓето,кои ги поставиле основите. И додека повеќето такви компании го развиваат својот бизнис на меѓународните пазари, сите се лесно препознатливи од американските клиенти. Некои од нив се и лидери во својата сфера - Serwin-Williams, Levi's и Heinz сепак, се познати доста добро и во Европа. Изданието 24/7 Wall St. излезе со рејтинг за 10-те стари корпоративни логоа, кои продолжуваат да се од користат и денес. Видете ги: К.К.