Добивај вести на Viber
Оглас за продажба на градежна пацела вчера објави Министерството за транспорт и врски на плоштадот „Македонија“, на која најпрвин беше најавена изградба на црква, а потоа Народната банка требаше да гради свое административно седиште.
На земјиштето со површина од 1.046 метри квадратни, предвидена е изградба на објект со призмеје и три ката и бруто изградена површина од 3.780 квадратни метри. Објекотот ќе се употребува за комерцијални и деловни дејности. Почетната цена е 6.000 денари за метар квадратен, а оние субјекти кои се заинтересирани треба да платат депозит за учестбо на електронската лицитација, во износ од 700.000 денари. Освен депозит, заинтересираните треба да достават банкарска гаранција од 100.000 евра за сериозност на понудата. На тендерот можат да учествуваат само компании кои оствариле во 2012 година оствариле годишен обрт поголем од 30 милиони евра. Заинтересираните субјекти треба да ги достават пријавите најдоцна до 28. јуни, а електронската лицитација ќе се одржи на 5 јули.
Според пишувањата на Build.mk, најповолниот понудувач треба да изработи основен проект врз основа на идејното решение за фасадно обликување во стилот на „Скопје 2014“ кое го подготвило Министерството за транспорт и врски. Проектот треба да го одобри комисија од Министерството, а дури потоа да се издаде одобрени за градење.