(ФОТО) Новата лимузина на Путин ќе биде најголемата во светот
Објавено во: Свет, Стил 29 Декември, 2015
Руската влада планира да започне производство на нови лимузини и премиум автомобили во 2017 година.
Рускиот патен институт поднесе барање за регистрација на трговската марка “МОНОМАХ”. Не е исклучено дека така ќе се вика проектот “моторизираната придружба”, кој е финансиран од државата и се развива под строга тајност.
Првиот примерок на новата лимузина е наменет за рускиот претседател Владимир Путин.
Луксузниот автомобил е целосно руско производство. Според информации во основата на лимузината е странски модел, но пак речиси сите агрегати се руски и се создадени специјално за новиот автомобил.
Директорот Максим Нагаитсев рече дека лимузината за рускиот лидер се очекува да биде најголема во светот.