05 Декември, 2025
0.0357

Фото: Новите згради и фасади не се избрани, но се најдоа на туристичката мапа на Скопје

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2013 07:25

Добивај вести на Viber

Идејните решенија за идните административни зданија на Народната банка на Македонија, Советот за радиодифузија, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), објектот на регулаторни тела и на МЕПСО се објавија во новата туристичка мапа на главниот град. За најголем дел од новите згради не е завршена постапката за избор на победнички труд и не се објавени имињата на архитектите во македонската јавност. Градот Скопје сепак се одлучи визуелизациите на објектите да ги вметне во мапата на туристички знаменитости на метрополата, објави Алфа. Новата зграда на НБРМ треба да се гради на просторот зад МНР. Зградата на ЕЛЕМ треба да се гради на местото на зеленилото спроти Бристол, а онаа на СРД во паркчето до хотелот. МЕПСО нема да гради нова зграда, туку ќе ја менува фасадата на старата. Додека дел од најавените објекти се во мапата, дел ги нема во неа. За Офицерскиот Дом и хотелот кој треба да ги гради Кондоминас, споменикот на Мајка Тереза или колонадата немало место во туристичката мапа, пишува Алфа. Алфа побарала фотографии од идејните решенија и од дел од институциите кои треба да ги градат овие згради. Од НБРМ изјавиле дека идејното решение не официјално избрано од страна на НБРМ. „НБРМ со локацијата има добиено идејно решение од Министертвото за транспорт, од кое изготвувачот на идејниот проект ќе примени и ќе проектира архитектонско фасадни елементи како фасадите од идејното решение“- велат меѓу другото од НБРМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите