05 Декември, 2025
0.1407

ФОТО: Ова е најскапата куќа на продажба во Сиднеј

Објавено во: Стил 14 Ноември, 2012 10:22

Добивај вести на Viber

Ова е најскапиот дом кој во моментов се наоѓа на продажба во Сиднеј, Австралија. Имотот познат како "Mandalay" е проценет на 58.5 милиони долари. Куќата е во сопственост на Вилијам Веб, поранешен извршен директор на тутунска компанија и на неговата сопруга, пишува „The Herald Sun“ . Двојката ја купила оваа куќа во 2004 година за 20 милиони долари. Куќата располага со пет спални соби, шест бањи, и околу 2 000 метри квадратни простор за живеење. Агентот за недвижности Кевин Велан за „The Herald Sun“ изјави дека очекува некој богат кинески купувач да го грабне имотот. Еве неколку фотографии од најскапата куќа во Сиднеј.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: