(ФОТО) Пентагон: Запрена офанзивата на ИСИЛ во Кобане!
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2014 12:50
Жестоката офанзива на терористите на ИСИЛ на сирискиот пограничен град Кобане е запрена и курските бранители веројатно ќе бидат во состојба целосно да ги задржат со помош на американските авиони, изјавиле денеска американските претставници, според чии податоции досега се убиени повеќе од 500 џихадисти.
Линиите на фронтот помеѓу џихадистите на ИСИЛ и курдските бранители не се поместени повеќе од недела дена, тврдат претставници во Вашингтон. Меѓутоа, Сириската опсерваторија за човечки права јавува дека ИСИЛ напредува и дека ја превезеле контролата над селата на западот од Кобане.
„Мислам дека курдските бранители ќе бидат во состојба да го задржат (уадарот)“, наведува еден неиоемнуван упатен претставник на Централната команда на САД, пренесува агенцијата АФП.
Фоторепортерот на АФП јавува дека бил сведок како џихадистите на ИСИЛ бегаат од авиони и бомбардирања на нивните положби во близина на Кобане. Штом слушнале звук на борбени авиони, џихадистите почнале да бегаат низ брдото Тилсехир, западно од опколениот Кобане, да се скријат во рововите кои најверојатно ги ископале курдските борци, јавува тој.
Американските и сојузнички авиони извршиле околу 6000 летови во воздушните удари на ИСИЛ и исфрлиле повеќе од 1700 бомби.
„Уверени сме дека нашата стратегија дејствува“, нагласи шефот на Пентагон Чак Хејгел иако ефективноста на воздушната операција е дискутабилна бидејќи ИСИЛ и понатаму го напаѓа Кобане.
Курдските борци повеќе од месец дена херојски се борат за Кобане, а американските претставници се уверени дека тие се во состојба да ги задржат положбите. Бранителите на Кобане чекаат помошта да и пристигне во околу 200 пешмерги (курдската милиција) од Ирак и прилично се изморени.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците






