(ФОТО) ПО ИРМА И МАРИЈА СТИГА ОФЕЛИЈА: Каде ќе удри?
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2017
Тропската олуја Офелија која е 15-та која се формира во Атлантикот за оваа сезона од утре ќе прерасне во ураган.
Таа сега се наоѓа на 1260 км југозападно од Азорските острови.
Офелија ќе донесе ветер кој се движи со 85 км на час.
Засега не делува дека Офелија ќе биде голема закана како Ирма, Марија, Харви или Хозе.
Ако прерасне во ураган, ова ќе биде 10-ти ураган за оваа година.
Од 2005 година па наваму ова беше најактивна сезона на урагани.
Во 2005 година имаше 28 тропски олуји од кои 15 урагани.