(ФОТО) ПОГОДЕТЕ КОЛКУ ИЗНЕСУВА: Нетанјаху покажа колкава плата зема!
Објавено во: Економија 18 Март, 2016 15:45
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постави денеска на Твитер копија од својот платен одсечок за февруари, објаснувајќи дека тоа го направил поради транспарентност. Се покажа дека Нетанјаху примил плата од 11.270 евра за месец дена работа.
Меѓутоа, даноците во Израел се високи и откако платил данок на приходи, здравствено осигурување и допринос за социјално, израелскиот премиер однел дома околу 4000 евра.
Странските медиуми наведуваат дека во споредба содругите светски лидер Нетанјху има мала плата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/IsraeliPM_heb/status/709746999705395201?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Според истражувањата на СиЕнЕн, претседателот на САД Барак Обама лани заработувал 33 000 долари месечно, со додатоци за патување и забава, помеѓу останатото.
Германската канцеларка Ангела Меркел според истото истражување заработува исто така околу 17 000 евра месечно, а рускиот претседател Владимир Путин околу 9500 евра.
Израелскиот весник „Харец“ наведува дека одлуката да се објави платнот налог е донесена откако кабинетот на Нетанјху добил многубројни барања за транспарентност, иако не е речено кој сакал да се меша во приватниот бизнис на премиерот.
Портпаролот рекол за новинарите дека Нетанјху во јануар добил нешто помалку пари.
Кабинетот на премиерот објавил дека таа разлика мешу бруто и нето примањата е голема помеѓу останатото поради парите кои се даваат за неговото возило, храна и три телефони од кои еден е мобиле, но кој тој не го користи за лични потреби.
Нетанјху поседува голема куќа во луксузното летувалиште Цезареји, на една од најскапите локации во Израел. Тој, наводно, заработувал многу предавајќи во САД и од други извори кога бил надвор од политиката.
Канадски „Нешенел пост“ коментира дека платата на Нетанјху навистина не била голема за некој кој толку многу работи е е на мета на остри критики, но дека не е така лоша за лидер на мала медитеранска земја кога се има предвид бесплатната резиденција, цела низа услуги на персонал и други привилегии и приватен чартер авион во кој некогаш се става и брачен кревет.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




