26 Јуни, 2024
0.0282

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА И ПАЗАРНА НОЌЕСКА ПРАВЕЛЕ „РШУМ“ НИЗ ЛОКАЛИ - откриени малолетници, дроги, невакцинирани.... двајца и се тепале со службените лица

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Доцна ноќеска, во периодот од 00.00 до 04.00 часот полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти.

„При контролата во повеќе угостителски објекти после полноќ констатирано е присуство на 56  малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани.

На подрачјето на СВР Скопје откриени се кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, при што лишени од слобода се 3 лица, две на подрачјето на Центар и едно на Карпош. При преглед кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

Во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, а од страна на ДПИ објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.

При спроведената акциска контрола покрената е соодветна постапка против две лица кои се однесувале агресивно и спречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. 

Откриени се 3 прекршоци од Законот за заштита од пушење, 3 по член 8 од Законот за прекршоците против за јавниот ред и мир и еден од Законот за странци.

Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од Полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра