(ФОТО) Поплавени патишта, подруми, станови, куќи, банки…Во Сплит владее хаос!
Објавено во: Балкан 11 Септември, 2014 22:14
Втора вечер по ред Сплит и околината во 18.30 часот го погоди силно невреме пратено со обилни врнежи, кои за кратко време ги поплави улиците, подрумите, приземните станови, кужи, спортски центри, па дури и банки, а дел од патиштата во источниот дел од градот биле затворени за сообраќај, пренесуваат хрватските медиуми.
Во сплитскиот центар 112 велат дека за два часа имале преку 300 дојави од граѓани за последиците од невремето. Слична била состојбата и во околните места недалеку од Сплит.
Најдолгата сплитска улица „Вуковарска“ најлошо поминала од надојдената вода па нејзиниот дел во источниот дел од градот неделаку од центарот во еден момент бил толку поплавен што автомобилите не можеле да поминуваат.
Штетите од поплавите ќе бидат големи, така барем мислат пожарникарите кои поради обемните интервенции уште не почнале детално да ги разгледуваат интервенциите. А дождот на сплитското подрачје само што започнала бидејќи локалните метеоролози за утре најавуваат уште пообилни врнежи.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни













