(ФОТО) Поплавите не ги спречија овие младенци да се венчаат
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2014 20:52
Во драматичните вести кои Босна и Херцеговина во вистинска катаклизма ја потресуваат од минута во минута еве и една необична венчавка. Буквално во поплава, пред матичарката Радмила Бањац судбоносното „да“ вчера го кажаа овие младенци од Виташовац.
Невестата не сакаше да се венча без родителите и кумот кои останаа заробени во водата. А да биде уште по драматично кај нив биле бурмите, оделото на младоженецот и невестинскиот фустан.
-И тогаш се појави лоткарот кој успеал да се пробие низ водата и да ги донесе родителите и кумот. Брзо се подготвивме, ја побаравме матичарката која што не венча. Да биде поинтересно до тој момент врнеше дожд, а веднаш по доаѓањето на нашите најблиски огреа сонце. Во тоа гледам добар знак за нашиот брак - раскажува среќната невеста која на венчавката очекуваше до 670 гости.
Многумина поради поплавите не стигнаа на закажаната венчавка, а меѓу гостите била и екипа од Словенија.
-Работам веќе 26 години. И луѓето ги венчавав на разни места, па дури и во брз воз. Но, ваква венчавка досега не сум имала. Беше потресно, некои и дури плачеа.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии





