06 Декември, 2025
0.0430

(ФОТО) Презентирани динамо-велосипеди на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје

Објавено во: Мои пари, Стил 25 Ноември, 2014 17:30

Добивај вести на Viber

Денеска, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на презентацијата на динамо-велосипеди (полнење на мобилни телефони), како и презентации на средношколки проекти во развој, мапата за велосипетски патеки и на апликацијата Патувај зелено, што се одржаа во Средното училиште на Град Скопје „Боро Петрушевски“, во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје.

- Градот Скопје денеска со организирањето на Деновите на енергетика од 25 до 27.11.2014 година, ја потврдува намерата за реализација на проектите од областа на енергетската ефикасност. Свесни сме се повисоките трошоци за енергија, важноста за сигурно снабдување со енeргија, како и климатските промени предизвикани од ирационални користење на енергијата. Тоа е во согласност со сопствените оперативни планови, кои ќе придонесат за намалување на потрошувачката на фосилни горива за затоплување, намалување на емисиите на стакленички гасови и промоција за користење обновливи извори на енергија.

Со овој настан почнуваат Деновите на енергетска ефикансност 2014 кои финансиски ги поддржа ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка), со кои се организираат настаните во областа на мобилноста и сообраќајот, а учениците на СУГС „Боро Петрушевски“ ќе го претстават велосипед кој со неговото движење полни мобилни телефони, нивни други идни вакви проекти, а Градот ќе изврши промоција на апликацијата green route (патувај зелено) и на велосипедските патеки во Скопје.

На 26.11 2014 година, во Младинскиот културен центар ќе се изврши проекции на едукативни филмови за граѓаните и директорите на училиштата и културните институции и професори кои работат на тематика на заштита на природата и енергетска ефикасност, а на 27.11.2014 год свечено се пушта во употреба новата реконструирана фасада на СУГС Јосип Броз Тито, која по пат на кофинансирање од УНДП целосно е реконструирана- истакана градоначалникот Трајановски.

Градот Скопје во изминатиот период незапирливо работеше и замени над 95% на уличните светилки кои се под ингеренција на Град Скопје со натриумови светилки (енергетски ефикасни) и изврши економично регулирање на топлински станици (систем со второстепена регулкација), речиси во сите објекти кои се под надлежност на Град Скопје. Исто така, гасифицирани се две средни училишта, а во тек е изведбата за гасификација на уште две училишта, заменете се старите прозорци со ПВЦ прозорци речиси во сите средни училишта кои се под ингеренции на Град Скопје, направена е целосна реконструкција на фасадата (изолација со стиропор со дебелина од 10 сантиметри), промена на старите прозорци со нови ПВЦ и промена на кровната конструкција на СУГС Јосип Броз Тито, како мерки за енергетска ефикасност на објекти.

Градоначалникот Трајновски посочи дека Градот Скопје може да се пофали и дека е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој има централно регулирање на сообраќајот, 100% нови автобуси во Јавното сообраќајно претпријатие со кои ќе се заштедат големи количества гориво и ќе се зголеми квалитетот на воздухот во Градот. Како приоритет го посочи проектот и заложбата за развивање на свеста кај граѓаните за користање на велосипедите како превозни средства проширувајќи ги постојните велосипедски патеки и градејќи нови, и исто така, посочи дека досега Градот има изградено велосипетски патеки во должина од 60 километри по главните сообраќајници и околу 20 километри на двете страни од кејот на реката Вардар, и дека по завршувањето на планираните сообрајни решенија во 2017 година, граѓаните ќе можат непречено возејќи велосипед да стигнат до која сакат дестинација во градот.

Директор на канцеларијата на ГИЗ за Македонија и Косово, Џејмс Макбет, истакна дека Град Скопје е прв град во кој се организираат вакви денови и се надева дека тој ќе биде огледало од кој другите градови ќе учат за ваква организација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј