(ФОТО) Сателитски фотографии од злосторствата на Боко Харам во Нигерија
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2015 10:31
На снимките се прикажани 3.700 отсечени или уништени објекти во градовите Бага и Дорон Бага , се наведува во соопштението на организацијата.
„Амнести“ ги цитира очевидците кои рекле дека милитантите масакрирале луѓе. Организацијата напоменува дека штетите се „катастрофални“, пренесува „Би Би Си“.
Вака изгледал Дора Бага на седми јануари, по разорувањата од страна на исламистите на „Боко Харам“ што ги извршиле во неколку напади минатата недела, вклучувајќи и некои за кои, како што се сомнева, биле употребени и деца како бомбаши самоубијци.
Даниел Ејир, претставник на „Амнести“ наведува дека нападите на Бага и Доран Бага, на североистокот во Нигерија, биле најголеми и најсмртоносни.
Во Нигерија за следниот месец закажани се избори, но постои сомнеж во врска со тоа дали гласањето ќе може да биде спроведено во сите делови од земјата.
Претставникоѕ на „Амнести“, Адотеи Аквеи, рекол дека и понатаму е тешко да се дојде до областите во кои се случиле нападите и дека нигериските власти значително го намалуваат бројот на жртви.
На левата страна се наоѓаат два брода, кои биле во пристаништето, додека во јануари овие две пловила повеќе ги нема, се гледаат само две возила на терористите.
Боко Харам во центарот на светската јавност допре минатата година кога радикалните припадници на оваа исламска организација грабнаа 276 девојчиња од нигериско училиште во Чибука, град сместен на северот во земјата.
Жолтите точки претставуваат разорени подрачја и области во Бага, додека линиите го представуваат патот по кој се движеле терористите на Боко Харам.
Неколку десетици лица успеале да се спасат и да избегаат, но 219 девојчиња и понатаму се водат како исчезнати, а постои сомнеж дека тие се продадени или убиени.
Минатонеделниот масакар во кој беа убиени најмалку 2.000 лица, меѓу кои најмногу жени и деца, повторно го запрепасти светот и го означи Боко Харам како една од најсуровите и најбескрупулозните терористички организации.
Можеби ќе ве интересира
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




