(ФОТО) Сијарто допатува во Скопје со 100.000 маски и 5.000 скафандери
Објавено во: Македонија 06 Април, 2020
Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија, претпладнево допатува со карго-авион во Скопје со помош за Македонија за време на справувањето со епидемијата предизвикана од корона вирусот, а го пречека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
„Добредојде за Министерот за надворешни работи на Унгарија. Состојбата поврзана со пандемијата од Covid19 бара сплотеност, поддршка и разменување на искуства со нашите пријатели од целиот свет. Со цел операционализација на оваа помош, но и разменување на ставовите и гледиштата поврзани со соодветна превенција денес му посакав добредојде на Минстерот за надворешни работи на Унгарија, Н.Е. Петер Сијарто. Во текот на денот ќе оствариме билатерална средба во Министерството за внатрешни работи“, објави Чулев.
Претходно Чулев ја пречека и помошта испратена од премиерот на Словенија, Јанез Јанша, по што се создаде меѓупартиско препукување помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој ја обезбедил пратката.
Османи напиша дека во помошта има 100.000 маски и 5.000 скафандери.
„Солидарноста е најважната европска вредност што мора да ја зачуваме дури и за време на кризата! Во моментите кога секој се бори да обезбеди намирници за своите потреби, Република Унгарија покажа солидарност и поддршка со тоа што директно во Скопје обезбеди 100 илјади заштитни маски и 5 илјади скафандери, опрема која е навистина неопходна и ќе ни помогне во борбата против ковид 19“, објави вицепремиерот.
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска, на негова иницијатива пристигна во работна посета на земјава, за време на која предвидени се средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со други високи претставници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.