(ФОТО) Скопје по примерот на светските метрополи: 500 Дедомразовци трчаа 1,6 километри
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2014
Главниот град денеска одбележа уште еден настан во пресрет на новогодишните празници и се им се придружи на светските метрополи во Дедомразовската трка која има спортско-рекреативен и забавен карактер, во организација на Градот Скопје и Универзалната сала, во соработка со Прв до врв, додека главен е спонзор Пивара Скопје АД.
Повеќе од 500 Дедомразовци се натпреваруваа во трката и трчаа по траса долга 1,6 километри, почнувајќи од плоштадот Филип Втори, и истата се движеше преку Македонскиот народен театар, преку Мост Гоце Делчев, булевар ВМРО, булевар Димитрие Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец (спроти Собрание на РМ).
Градоначалникот Трајановски ги додели наградите и медалите за најдобрите во трката во машка конкуренција, каде на првата Дедомразовска трка победи Илија Пајмаковски, второто место го освои Дарко Попацев, додека трет беше Богдан Цветковски.
На првата Дедомразовска трка во женска категорија првото место го однесе Кристина Попческа, второто место и припадна на Маја Ивановска, додека третото место го освои Ана Марија Петрушевска.
Средствата од котизацијата за учество на првата Дедомразовска трка во Скопје ќе послужат за изградба активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено.