(ФОТО) СЛАВЧО ПОПОВСКИ ПОГОДИ: Скопје се разбуди со силен дожд и грмотевици
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Утринава Скопјани ги разбудија силни врнежи, кои беа проследени на моменти со посилни грмотевици.
Во моментов дождот престана, но беше доволно обилен за да ги затне скопските шахти.
Низ улиците течеа реки вода а на места можеа да се забележат и откорнати дрвја.
За оваа временска прогноза пред неколку дена информираше метеорологот кој се прослави кога го предвиде невремето во скопско на 6-август кое беше кобно за 22 луѓе.Славчо Поповски за неделава, односно за денес и утре најави врнежи од дожд над целата територија на Македонија. На некои места врнежите ќе бидат обилни и се очекува да наврне големо количетво воден талог (над 60 литри на квадратен метар).
Локално ќе се развива конвективна облачност, којашто ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи.
Поради нееднаквоста на воздушниот притисок, во Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува умерен до засилен на некои места повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец, кој ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.
Температурите поради силното воздушно струење ќе бидат многу високи, невообичени за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени.
Заладување на времето ќе има од среда во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток. Што точно ќе донесе ова заладување останува да го следиме понатамошниот развој на времето. Детали околу заладувањето наскоро.
Да се надеваме само дека поплавите нема да се повторат.ФОТО: ФАКТОР