(ФОТО) Снегот не ги запре Скопјани да кажат „НЕ“ за менување на ГТЦ во Барок стил!
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2014
Врнежите од снег кои денеска попладнево почнаа да паѓаат во главниот град не ги затворија Скопјани дома.
Имено, иницјативата „Го сакам ГТЦ“ излезе вечерва пред влезот на Градскиот трговски центар придружувани од група граѓани против менувањето на ликот на овој култен објект кој на скопјани им буди убави спомени, и е важен дел од нивната историја и култура.
Беше предвидено јавно говорење од страна на неколку архитекти, а во моментот на сцена се повеќе музички ѕвезди.
ГТЦ е последниот бастион. Ние две години се обидуваме да го спасиме од барокните метастази и ако дозволиме тој да падне, градот ќе ја изгуби својата смисла , рече Филип Јовановски - Граѓанска иницијатива „ Го сакам ГТЦ „
Поттикнати од најавите за започнување на затворањето и преобликувањето на ГТЦ во февруари 2015-та година, иницијативата „Го сакам ГТЦ“ продолжува низ различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции да го искажува својот став за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар“, порачува иницијативата „Го сакам ГТЦ“.