(ФОТО) СРПСКО-ХРВАТСКА БЛОКАДА ИЛИ ТАЈНА ВОЈНА: Границата отворена само за Срби со странски таблици!
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2015 12:20
Србија и постави рок на Хрватска да ја прекине блокадата за камиони, меѓутоа, тој рок ноќеска истече. Од таа причина Србија на полноќ забрани влез на стока и камиони од Хрватска на сите гранични премини.
Меѓутоа, откако Србија воведе контрамерки, хрватската гранична полиција престана да пропушта патнички возила со српски таблици.
На граничниот премин Бајаково на влезот во РХ на се пропуштаат возила со српски регистарски таблици, освен тешки возила со расиплива стока, а колоната од тешки возила на излезот од Хрватска е околу 13 км. ГП Товарник е отворен за патнички и тешки возила, освен за возила со српски таблици. Забраната не се однесува на граничните премини со БиХ. За целиот сообраќај се затворени граничните премини со Србија: Илок, Илок2, Принциповац, Принциповац2, Ердут и Батинци.
Хрватски МВР потврди утрово дека на граничниот премин Бајаково на влезот во Хрватска не се пропуштаат возила со српски регистрации, освен тешки возила со расплива стока, наведувајќи дека за државјани на Србија преминот е дозволен.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Sl2-hLnqnFw[/embed]Хрватска нема да ја отвори границата со Србија додека преминот Хоргош не биде отворен за мигранти, изјавил утрово хрватски министер за надворешни работи Ранко Остојиќ.
„Треба да се каже, тоа е одговор на дискриминацијата која Србија ја спроведе кон камионите од Хрвстска, додека не го отворат Хоргош нема влез за возила со српски регистрации, луѓето може да влезат, тоа не е спорно. Очекуваме да го отворат Хоргош“, рекол Остоиќ.
Србија од полноќ на Хрватска и одговори со контрамерки на еднострано затварање на границата за сообраќај од Србија така што забрани за сообраќај возила регистрирани во Храватска и стока на храватски произведувачи на сите гранични премини.
Таа мерка се однесува и на бродскиот и железничкиот сообраќај.
Остоиќ српските мерки ги толкува како ултиматум на Србија кон Хрватска и вели дека не може да се случи во Хрватска да влегуваат илјадници мигранти, а да нема ниту еден српски полицаец.
„Нека тоа го направат кон Хоргош“, повторил Остоиќ и додал дека бегалците не паѓаат од небо, туку дека доаѓаат од Србија и Унгарија.
„Ова не е тивка војна меѓу Хравтска и Србија, ова е само одговор на нивните мерки“, рекол Остоиќ.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација







