(ФОТО) Турција ја отвори границата со Сирија
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2015 11:01
Турција ја отвори границата со Сирија во близина на градот Акчакале и од вчера неколку стотици Сиријци влегоа на турска територија, за се спасат од судирите меѓу Курдите и џихадистите од „Исламска држава“ во град Тел Абид.
Турските војници употребиле водени топови за да го одвратат мнозинството на мигранти , кои направиле нереди за да поминат.
Границата била затворена пред време од безбедносни причини, но поради разгорувањето на борбите повторно била отворена. Досега биле прифатени околу 600 семејства, а се предвидува од првата фаза да бидат прифатени околу 2500-3000 Сиријци.
Делегација од 25 членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од претседателката на „ПССЕ“ Ен Брасњор, ќе ги посети денеска центрите за бегалци Елбеили и Низип во градот Килис, во Југоисточна Турција.
Се очекува денеска меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешенел“ да објави извештај за бегалската криза во светот со акцент Сирија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата






