(ФОТО) Вака косовската полиција апсеше повратници од војните во Ирак и Сирија
Објавено во: Балкан 11 Август, 2014 22:15
Според информациите на косовската полиција, тие подготвувале терористички напад за време на една културна манифестација, на која се очекувале и гости од странство. Според други извори, можна цел на нападите биле косовски државни институции, седишта на КФОР и на меѓународните организации на Косово.
Кај уапсените било пронајдено поголемо количество оружје и муниција. И македонските власти имаат податоци за македонски граѓани кои учествуваат во борбите во Ирак и Сирија. Нивните активности по враќањето во Македонија се следат, а оперативните информации добиени за нив се проверуваат.
Семејство од Косово: Имамот го испрати нашиот син во смрт во Сирија!
Министерот за внатрешни работи во заминување Бајрам Реџепи изјави дека денешната акција во Косово била спроведена по повеќемесечна истрага и додаде дека „ова е доказ дека Косово нема да биде лесен терен за радикални верски екстремисти“.
И премиерот во заминување Хашим Тачи нагласи дека апсењето е доказ за посветеноста на косовската Влада да се справи со оваа појава. „Косово нема да биде плодна земја за непријателите на евроатлантските вредности, човековите права, целосните верски слободи и на уставно загарантираниот секуларен систем“, напишал Тачи на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




