(ФОТО-ВИДЕО) Пожари беснеат во Далмација, уништени куќи, евакуирано населението!
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2015 13:16
Поради големите горешитини, поголем дека од регионот веќе со денови се соочува со големи пожари.
Најтешка е состојбата на Корчула и Пељешчу каде горат стотина хектари борова шума. Драматична е состојбата и на подрачјето на Босански Грахов.
Околку 50 мештани биле приморани претходната вечер да ги напуштат своите домови поради големиот пожар, кој околу 23 часот пламнал недалеку од местото Пијавичино на полусостровот Пењешчу, јавува хрватски „Индекс“.
Гори густа борова шума во должина од два километри, а покрај напорите на пожарникарите, огнот околу 3 часот наутро се приближил до куќите во Трстеник, кој речиси целосно морал да биде евакуиран.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VUr1_RSR5Zw[/embed]Огнената линија се протега во должина од преку два километри, а на терен се сите расположливи пожарникарни сили.
Тешка е состојбата и на подрачјето Смоквица на Корчули, каде пожарот пламнал во текот на викендот, а откако е локализиран на североисточната страна, вчера повторно им излегол од контрола на пожарникарите.
Најкритично е на подрачјето на местото Брна каде огнот досега проголтал повеќе од 500 хекрати борова шума.
Борова шума вчера послепладне горела и во Широкима недалеку од Примоштена. После два и пол часа борба, токму кога стигнала близу до куќите, пожарникарите успеале огнот да го стават под контрола.
Третиот пожар на подрачјето на Бјелина, во најголем дел е запрен, но огнот излезе од контрола во тешкиот терен, и засега не е можно да се изгаси.
Она што е најважно, огнот ни на еден локалитет не им се заканува на имотите на мештаните.
Од Управата за цивилна заштита истакнуваат дека ќе побараат помош од Вооружените сили, и дека во гаснењето ќе се вклучи и хеликоптер.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација







