29 Септември, 2024
0.0269

(ФОТО) За седум дена паднаа три авиони

Објавено во: Анализа 26 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Во само седум дена се слуучија три страшни авионски несреќи во кои загинаа повеќе од 460 лица. Тие случувања му зададоа тешок удар на сите авиокомпании во светот, но експерти истакнуваат дека авиосообраќајот и понатаму е најсигурен.

Во Украина, на 17 јули е соборен авион на „Малезија Ерлајнс“. Настрадаа сите 298 патници и членови на екипажот. За соборувањето на авионот Украинците ги обвинуваат проруските сепаратисти, додека тие ја негираат одговорноста. Телата на загинатите се тргнати од местото на несреќата и земени се црните кутии кои ќе се искористат за да се откријат повеќе детали за трагедијата. И додека светот беше во шок и жалеше за настраданите, нова несреќа се случи во Тајван на 23 јули.

Патнички авион на компанијата „ТрансАсиа“ се сруши при принудено слетување за време на тајфун.

Загинаа 48 лица, а 10 се повредени. До несреќата дошло кога авионот се обидел да го заобиколи аеродромот Магонг при што се срушил на островот Пенг во селото Сиси, а при падот „закачил“ и уништил неколку куќи и возила.

А, само неколку часа покасно следеше уште една страшна вест. Авионот „Сфитер“ кој дејствуваше во рамки на компанијата „Аир Алжир“, се изгубил од радарот на пат од Буркина Фасо за Алжир.

Веднаш е активиран итен план и покрената потрага за авионот во кој имаше 110 патници и членови на екипажот. После неколку часовно трагање алжирските власти соопштиле дека рушевина од авионот е пронајдена во Мали.

Сметајќи дека сите патници и членови на екипажот загинале. Како што е соопштено, причина за падот на авионот било невремето.

Да потсетиме, пред неколку месеци од радарот се изгуби и авионот на „Малезија Ерлајнс“ на лет MH370 од Куала Лампур за Пекинг. Остатоците од авионот се`уште не се пронајдени.

Но, и покрај честите несреќи во авиосообраќајот во последно време, кои им задаваат тешки удари на авиокомпаниите, а посебно на малезиската фирма, експерти тврдат дека авиосообраќајот и понатаму еден од најсигурните.

„Три авионски несреќи во неколку дена навистина предизвикуваат вознемиреност и такво нешто е невообичаено да се случува. Но, јас не можам да кажам дека причината за тоа е несигурност во авиосообраѓајот. Имало такви случувања во историјата кога светот биле понесигурно место. Секако, ни денеска не е сигурно место, но немжам да кажам ниту дека е несигуро.

Присетете се само на 1980 година кога имаше неколку бомбашки напади на комерцјални авиони и аеродроми. Сепак, овие последните случувања се трагични, посебно затоа што се случија три несреќи за толку кратко време, но не знам колку ова влиаје на сигурноста на авиосообраќајот“, изјавил за MarketWatch пилотот Патик Смит.

Тој додава дека, и покрај се, луѓето мора да имаат доверба во авиокомпанијата која секогаш работи за нивен најдобар интерес. Истакна и дека дневно илјада авиони прелетуваат подрачја кои на копно се несигурни, односно зафатени од судири или војни, но секоја компанија има јасни протоколи и наредби во врска со прелетувањата над таквите подрачја.

Сепак, во врска со несреќата во Украина кажува дека тоа не било грешка на авиокомпанијата туку на владините агенции кои го надгледуваат зрачниот простор.

И.Р