18 Декември, 2025
0.0572

(ФОТО) Премиерот и првата дама на божествена литургија во манастирот каде Заев и Борисов ја продлабочија соработката

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2019 06:40

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица на божествената литургија присуствуваа во манастирот Водоча кај Струмица.

На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање којашто нѐ исполнува во овие свечени денови.

Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро.

Христос се роди!“, напиша премиерот на Фејсбук.


Имено, Манастирот Свети Леонтиј, познат и како Водочки манастир, е македонски средновековен православен христијански манастир и археолошко наоѓалиште кое се наоѓа во селото Водоча близу Струмица. Во манастирот се наоѓа седиштето, односно резиденцијата на владиката на Струмичката епархија, митрополитот г. Наум, а во него живее и женско монашко сестринство.


За оваа прилика првиот министер решил да ги остави формалните одела и изборот на облека паднал на фармерки и јакна, додека првата дама во студеното божикно утро се одлучила за сив капут а комбинацијата ја надополнила со сина марама.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се