21 Август, 2024
0.0235

(ФОТО) Жито Маркет со нов супермаркет во Скопје

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Жито го отвори својот нов маркет во населбата Тафталиџе, кој е лоциран на улица Будимпештанска број 7, со површина од 240 метри квадратни, со тим од 11 вработени и со две наплатни каси. Овој супермаркет на своите потрошувачи ќе им озовможи врвна услуга и широк асортиман на производи по прифатливи цени, ветуваат од компанијата.
„Жито Маркети со секој новоотворен објект продолжува да ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со барањата и со потребите на современите потрошувачи. Големо задоволство ми преставува тоа што и жителите на Тафталиџе ќе имаат шанса да се уверат во вредностите на нашата компанија, како што се квалитетот, ниските цени и услужливоста“ – изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.
На денот на отворањето за сите присутни беа подготвени голем број подароци, промоции, попусти, продажни акции и гратис производи. Уште веднаш купувачите можеа да ја искористат лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“ и бенефициите што ги овозможува при купувањето. Со тоа, воедно граѓаните ја покажаа и својата хумана страна, односно преку добивање на картичката да донираат онаму кај што е потребно, а членaрината во нивно име ја дава Жито Маркети. Супермаркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот до 21:00 часот, додека во недела ќе работи од 08.00 до 14:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

„Лесја Украинка“: Балканот и Украина: Историски и модерни паралели

„Лесја Украинка“: Балканот и Украина: Историски и модерни паралели

Подобра медицинска нега, а помали трошоци: Расте интересот за приватно здравствено осигурување во земјата

Подобра медицинска нега, а помали трошоци: Расте интересот за приватно здравствено осигурување во земјата

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД ВЕЛЕС ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.713.203 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД ВЕЛЕС ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.713.203 ДЕНАРИ

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Што е „намалување на штети“ и како тоа може да помогне

Што е „намалување на штети“ и како тоа може да помогне

Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Празник за сетилата: надградба за Audi RS 3

Празник за сетилата: надградба за Audi RS 3

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ПАКЕТ СО НАЈДОБРИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СТАРТ НА МАЛИ БИЗНИСИ

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ПАКЕТ СО НАЈДОБРИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СТАРТ НА МАЛИ БИЗНИСИ