(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН: „Новото нормално“ ги заживеа школите
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2021
1.Септември, прв училишен ден. По година и пол, учениците се вратија во училишните клупи. Но, пред да седнат, стојат во редот да им биде измерена температура, а заштитната маска убаво наместена преку устата и носот, е неизбежен дел од „свечено избраната гардероба“.
Така налага пандемијата на Ковид-19, така налага „новото нормално“. Сепак, среќата е повеќе од очигледна и кај децата и кај наставниците и кај родителите.
-Местото на учениците е во школите, секое одложување или учење од далечина е на новна штета. Но, во случај епидемиоолошката состојба да се влошува, има други решенија за да може образовниот процес да се одвива непречено, велат зластите во Македонија.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од првиот училишен ден во едно од основните училишта во Скопје.
А.Б.
ФОТО: Вангел Тануровски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.