ФОТО: Падна бугарската Влада – протестите за скапата струја продолжуваат
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2013 15:12
„Уште еднаш им благодарам на сите што не подржуваа. Колеги денеска нема да правиме структурни промени. Ја завршуваме седницата а на пладне ќе поднесам оставка на кабинетот и се надевам дека ќе биде прифатена. Ви посакувам пријатен ден“, изјави Бојко Борисов, премиер на Р. Бугарија.
Во парламентот присуствуваше целиот кабинет, а бугарскиот премиер категорично изјави дека владата направила се што е во нејзина моќ за да одговори на барањата на демонстрантите. Тој додаде дека неговата партија нема да учествува во преодната влада.
Борисов ја презеде власта во јули 2009 година. Редовните парламентарни избори требаше да се одржат во јули, но аналитичарите во Бугарија сметаат дека се можни предвремени парламентарни избори на крајот на април.
Дел од аналитичарите се на ставот дека потегот на Борисов се случува во момент кога неговиот рејтинг е доста низок.
За време на вчерашните демонстрациите во Софија, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беа повредени 11 лица.
Според бугарските медиуми, во полициски притвор биле задржани 11 демонстранти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии













