(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВАТА УНИШТИ СКОРО ЦЕЛО СЕЛО: Жителите заминаа, нема услови за живот
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2024
Поплавите во Босна и Херцеговина(БиХ) „проголтаа“ скоро цело село. Селото Злате кај Јабланица повеќе не се препорачува за живеење.
Армин Ризвиќ од Јабланица на социјалните мрежи сподели видео и фотографии од ова село, објаснувајќи дека е во катастрофална состојба поради што веќе таму нема услови за живот. Вооружените сили на Босна и Херцеговина и на цивилната заштита влегоа во Јабланица каде се очекува да почнат со работа односно отстранување на наносите.
Претходно портпаролката на Сојузната управа за цивилна заштита Мајда Ковач изјави дека од терен најмногу се бараат тешки машини. Телата на 19 загинати се извлечени.
Фото: Фејсбук/Arman Rizwe Rizvić
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.