(ФОТО+ВИДЕО) УРАГАН ВО ГРЦИЈА: Грците се засолнуваат, ќе дуваат ветрови со брзина над 200 км на час
Објавено во: Балкан 18 Септември, 2020
Редок медитерански ураган ги зафати островите во западна Грција. Имаше обилни врнежи од дожд и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Насекаде паѓаат дрвја. Има поплавени улици и прекини во сообраќајот на островите Кефалонија, Закинтос и Итака. Бурата Јанос е именувана како „медикан“, односно медитерански ураган и овој феномен првпат се појави во Грција во 1995 година.
Танјуг објави дека под удар на циклонот, јахта која пловела под знамето на Швајцарија, е исфрлена на карпите на полуостровот Итака.
Најновите метеоролошки прогнози покажуваат дека овој многу редок ураган може да биде најсилниот во историјата на овие простори.
Жителите се информирани да се засолнат. Метеоролозите очекуваат огромни количини дожд, поплави и ветрови со брзина од над 200 километри на час.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.