16 Декември, 2025
0.0732

Општа тепачка во српското Собрание

Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2024 22:16

Добивај вести на Viber

Физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката коалиција и опозицијата во српскиот парламент изби на првата седница по трагедијата во Нови Сад на почетокот на месецот во која 15 лица починал, а двајца се тешко повредени.

Непосредно пред почетокот на седницата на која требаше да се разгледува предлог-буџетот за 2025 година, меѓу пратениците дојде до жестока кавга и фрлање на предмети. Во конфликтите учествуваа и некои министри, се виде во преносот на собраниската седница.

„Сакавме да укажеме дека за трагедијата во Нови Сад се виновни членовите на Владата.Залепивме налепници „рацете ви се крвави“ каде што седат министрите, а потоа ме удри (Златибор) Лончар, министерот за здравство. Не сакав да одговорам. Колегите тргнаа во одбрана и видовте што се случи подоцна“, изјави пратеникот од опозицијата Радомир Лазовиќ на српски за Би-Би-Си.

По конфликтот и паузата, претседателката на Собранието и висок функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС) Ана Брнабиќ ја прекина седницата.

Опозицијата предложи и изгласување недоверба на владата поради трагедијата во Нови Сад, но претседателката на собранието одби тоа да го вклучи на дневен ред.

Кога министрите влегоа во салата, опозиционерите ги пречекаа со пораките „рацете ви се крвави“, често истакнувани за време на протестите по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Опозицијата, активистите и демонстрантите ја обвинуваат власта за корупција и бараат да се откријат виновниците за трагедијата. 
Во Собранието пратениците носеа и транспарент со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ, чии тупаници беа обоени во црвено, извикувајќи „убијци, убијци“ и упатувајќи свирежи.Потоа пратениците тргнаа еден кон друг и дошло до туркање и тепачка. 
Обезбедувањето се обидело да интервенира меѓу двете групи пратеници, но тие продолжиле да си разменуваат тупаници и да фрлаат со материјали за работа еден на друг, како и да си дофрлуваат навреди.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството