29 Март, 2024
0.0245

ФРАНЦИЈА ПРЕД ИЗБОРИ: Подготвена ли е ЕУ да започне разговори за Фрегзит ?

Објавено во: Анализа, Свет 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

На 29 март 2017 година Лондон официјално ја поднесе апликацијата за активирање на чл. 50 од Договорот за ЕУ. Амандманот во овој договор стапи во сила во 2009 година, по средбата на лидерите на заедницата во Лисабон две години порано.

Пред тоа немаше текстови кои предвидуваат доброволно напуштање на заедницата. Од летото 2016 година коментарите и дури заканите за напуштање на ЕУ влегуваат подлабоко во програмите на националисти и антиевропски настроени политички движења.

Откако проевропските ставови преовладува на изборите во Холандија, сега фокусот е кон Франција, каде во овој викенд ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Меѓу претендентите со големи шанси се националистот Марин Ле Пен и евроскептикот Жан-Лук Меланшон.

Ако победи на изборите, Марин Ле Пен директно вети излез на Франција од еврозоната, од Шенген, а подоцна и од ЕУ. За Меланшон Фрегзит е план Б, ако неговата желба повторно е да преговара за членството на земјата во ЕУ не доведе до успех.

Подготвен е сепак ЕУ да се раздели со Франција? Земјата е еден од основачите на заедницата и еден од столбовите на Унијата во видот во кој го познаваме денес, коментира портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас. Тој одби да одговори на провокативно прашање дали Брисел е во состојба да започне разговори и за Фрегзит .

Испитувањата на јавното мислење покажуваат оспорувана битка за претседателската столица во Франција. Во првиот круг, кој ќе се одржи на 23 април, шансите Ле Пен да победи се големи, но едвај со резултат од над 50 отсто. Тоа значи дека ќе има и втор круг, закажан за 7 мај, а тогаш веќе ќе влезе во тек имплицитниот договор составен од проевропските партии, и најверојатно новиот претседател на земјата ќе се вика Емануел Макрон или Франсоа Фијон.

Според последното истражување на "Харис интерактив", цитирано од Ројтерс, Емануел Макрон ќе добие 25% во првиот круг на изборите, односно ја зголемува поддршката со 1 поен, а кај Ле Пен нема промена и таа ќе добие 22%. Франсоа Фијон ќе собере 19%, што е пад од 1 поен. Жан-Лук Меланшон е без промена исто со 19%.

На вториот круг Макрон би ја победил Ле Пен со 66%, Фијон со 68%, а Меланшон - со 60%. Фијон би победил на втор круг Ле Пен со 58%. Меланшон би освоил втор круг против Ле Пен со 60% и Фијон со 58%.

Ако сепак социолошките агенции не го фатиле точно пулсот на француското општество и националистот победи, институциите во Брисел немаат план Б. Тоа го објасни и францускиот комесар задолжен за економската политика на ЕУ, Пјер Московичи пред EurActiv. И иако скептицизмот ќе се манифестира и во Франција, 70% од Французите се поврзани со ЕУ, објаснува Московичи и вели дека не гледа причина за 50% од луѓето во земјата да одлучат да го поддржат националистот.

Значи за ЕУ ​​план А е силна Франција, длабоко поврзана со ЕУ, категоричен е Московичи.

И макар и Фрегзит да доаѓа со лесна рака од Ле Пен и од Жан-Лук Меланшон, последиците од излегувањето на Франција од ЕУ се оценуваат како катастрофа од многумина аналитичари - и за Франција, и за ЕУ, а и за целата светска економија.

Одржување на еврозоната во целина е премногу важно и Европската централна банка (ЕЦБ) веќе го докажа тоа во случајот со Грција пред две години. А за иднината на ЕУ допрва ќе се зборува.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот