ФРАНЦУЗИ ТВРДАТ: Децата ретко се преносители на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Јуни, 2020
Истражување кое го направија Французи фрла ново светло на пандемијата со коронавирусот.
Децата ретко се преносители на коронавирусот покажува студија направена од професорот Роберт Коен, потпретседател на француското здружение за педијатри и која ја објави „Ле Паризиен“.
Студијата беше реализирана во регионот Ил де Франс. На неа работеа 27 педијатри од 14 април до 12 мај и со неа беа опфатени 605 деца. Коен вели дека децата под 15 години поретко ја пренесуваат заразата.
„Кога идентификуваме заразено лице и ги тестираме неговите роднини, сфаќаме дека децата се два до пет пати помалку носители на вируси отколку возрасните“, изјави тој.
Се смета дека децата имаат помалку рецептори за вирусот на нивната носна слузница. Тие би можеле да бидат подобро заштитени бидејќи веќе имале други коронавируси.
Во светот до сега има 6.622.757 лица заразени со коронавирус. Од нив починаа 388.974, а оздравени се 3198.069 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.