19 Декември, 2025
0.0390

Франција нема да ја исполни целта за јавен дефицит од три отсто од БДП

Објавено во: Свет 13 Февруари, 2013 10:33

Добивај вести на Viber

Францускиот завод за ревизија на државните сметки оцени дека Франција има многу мали шанси да ја исполни зацртаната цел за намалување на државниот дефицит на ниво од при проценти од бруто домашниот производ.

По објавувањето на извештајот на Завод за ревизија шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека остварувањето на целта „е можно“, но министерот за буџет Жером Каузак во интервју за радиото Франс Интер призна дека сепак ќе биде тешко дефицит да се сведе на три отсто на БДП во 2013 година.

- Тоа ќе биде тешко. Шансите да се постигне целта се намалуваат, како што се намалуваат и прогнозите за економскиот раст, изјави францускиот министер за буџет.

Каузак најави дека на 15 март Владата ќе предложи свој план за стабилност и дури тогаш ќе се види дали ќе бидат ревидирани некои зацртани параметри.

Француската Влада настојува да го намали структуралниот дефицит, односно делот кој не е поврзан со екононската конјуктура. Во 2013 година предвидено е структуралниот дефицит да биде намален за два процентни поени.

Париз се надева дека Брисел ќе ги „олабави“ принципите, прифаќајќи целта за ниво од три проценти од БДП да важи само за структуралниот дефицит, а не за вкупниот.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ