Французите живеат во лоши станбени услови
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2013 10:48
Околу 10 милиони Французи живеат во лоши станбени услови , покажува осумнаесетиот по ред извештај на Фондацијата „Абе Пјер“
Ова е прв извештај на Фондацијата откако Франсоа Оланд беше избран за претседател на Франција и кој вети 500.000 нови станови годишно, од кои 150.000 се социјални станови.
Фондацијата „Абе Пјер“, регистрирала 685.142 лица кои немаат место за живеење, од кои 133.000 се без дом, 18.142 се сместени во социјална резиденции, 38.000 живеат во хотелски соби, 85.000 во привремено изградени станови и 411.000 живеат кај трети лица.
Исто времено, околу 2,7 милиони Французи живеат во станбени услови кои се оценети како „многу тешки“ без удобност и пренаселени.
Вкупно 3,6 милиони лица се лошо сместени, на што им се додаваат 5 милиони лица кои се наоѓаат во тешка-ранлива ситуација во однос на станбеното прашање, односно живеат во стан кој е или пренаселен или пак се соочуваат со тешкотии за плаќање на станарината.
Според извештајот 1,179 милиони домаќинства чекаат социјални станови, 3,8 милиони се наоѓаат во тешка енергетска ситуација, а 1,3 милиони имаат потешкотии за плаќање на станбениот простор. На 565.000 сопственици на станови или куќи и на 91.000 семејства им се заканува протерување од нивниот дом.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




