17 Декември, 2025
0.0757

Фрчат стечајни постапки за делови на ЕМО

Објавено во: Економија 04 Јули, 2013 08:33

Добивај вести на Viber

За најмалку 10 посебни фирми во рамките на АД ЕМО најверојатно ќе се отворат стечајни постапки. Натрупаните побарувања се само една од причините за отпочнување на стечај и ликвидација. За Друштвата за производство и трговија ЕМО Енерговод ДООЕЛ, ЕМО Изолатори МТС Охрид ДООЕЛ, ЕМО Електромонтажерски работи ДООЕЛ, ЕМО Исхрана ДООЕЛ, ЕМО Сефови и каси ДООЕЛ, ЕМО Топлоцинковани конструкции ДООЕЛ, ЕМО МНС ДООЕЛ сите од село Косел од Охрид, како и трговско друштво за производство трговија и услуги ЕМО Метални конструкции увоз-извоз ДООЕЛ  и ЕМО Флексибилни системи е покрената стечајна постапка. Податоците од Централниот регистар покажуваат дека одлуката за отпочнување на стечај за сите овие посебни фирми во рамките на ЕМО АД е донесена на 20 мај годинава. “Отворените стечајни постапки нема да се спроведат. Се заклучуваат поради тоа што имотот што би влегол во стечајната маса не е доволен ниту за намирување на трошоците во оваа постапка“, е образложението во решенијата објавени на Централниот регистар на Македонија. Од Министерството за економија за Фактор објаснуваат дека доколку во стечајната постапка се подмират побарувањата од страна на доверителите, отпаѓа  условот за отворање на стечај. Можноста за отворање на стечај за овие фирми не значи и стечај за целиот АД ЕМО. “Стечајната постапка не се отвора директно по поднесениот предлог затоа што се води предходна постапка  за утврдување на исполнетост на услови за стечај. Тоа значи дека доколку во таа постапка  се намири побарувањето на доверителот отпаѓа  условот за отворање на стечај. Исто така на крајот на предходната постапка е можно трет субјект да ги преземе обврските на должникот и во тој случај стечајната постапка не се отвора. Наведените субјекти со префикс ЕМО се посебни правни субјекти со посебни побарувања и обврски спрема различни доверители и должници. Стечајната постапка се води над субјект кој е инсолвентен односно треба да бидат исполниети кумулативно два ислова, да постои состојба на инсолвентност  и да има предлог од доверител кој има ненаплатени, а доспеани побарувања од длжникот, во случајов посебните правни субјекти, односно ДООЕЛ-и на ЕМО АД. Кога и кој доверител ќе поднесе предлог за стечај, зависи од неговите интереси и проценки и не е предвидлива ситуација“, велат од Министерството за економија. Оттаму додаваат и дека ако се земе предвид дека се работи за поголем број на посебни фирми во рамките на ЕМО АД, со различни доверители,  Министерството за економија и Владата “не можат  да конкретизираат  некаков план за стечај на ЕМО, со оглед на тоа што состојбите се менуваат секојдневно и можно е некои побарувања да бидат исплатени целосно или делумно, но и да пристигнуваат нови побарувања кои доспеале за плаќање“. ЕМО со загуба од над 200.000 евра во првото тримесечјеж Во првиот квартал од  годинава охридски ЕМО бележи загуба во висина од 13,2 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза. Во пресметковниот период, компанијата остварила вкупни оперативни приходи од над 4 милиони евра (251 милиони денари), додека во истиот период лани тие биле на ниво од  1,2 милиони евра (76 милиони денари). Оперативните расходи на овој загубар во првиот квартал од оваа година изнесуваат над  4 милиони евра (254 милиони денари), додека во истиот период минатата година, тие биле 2,5 милиони евра (155 милиони денари). ЕМО е еден од четирите загубари во државна сопственост, во кој ржавата има 42% од  капиталот на комбинатот. Својот удел државата се обидува да го продададе веќе неколкупати преку меѓународен тендер, но засега неуспешно. К.П.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија