ФРИДОМ ХАУС: За разлика од Украина или Молдавија, Македонија не презеде големи чекори за елиминирање на корумпираните покровителски мрежи
Објавено во: Македонија 11 Април, 2024 18:29
Македонија останува хибриден режим, за разлика од Украина или Молдавија не презеде мерки против корумпираните мрежи. Ова стои во извештај на Фридом Хаус.
Македонија страдала од назадување во примената на принципот на владеење на правото и попуштила пред упорната корупција на високо ниво, додека политичките партии влегле во конфронтација во врска со уставните амандмани наложени од бугарското вето што ги попречува напорите на државата да влезе во Европската унија.
Осврнувајќи се на Македонија поконкретно, извештајот вели дека државата е „цикличен хибрид“, што се карактеризира со редовни промени во владејачката елита коишто не дозволуваат со време да дојде до суштинска структурна промена. Станува збор за „комбинација на реален политички плурализам и површни институционални промени“, објаснува Фридом Хаус илустрирајќи го тоа во случајот на Северна Македонија со примерот на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство од 2017.
„За разлика од Украина или Молдавија, Македонија не презеде големи чекори за елиминирање на корумпираните покровителски мрежи, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на истата група партии, како што тоа се правеше со децении. Националистичката партија на Груевски ја опструираше работата на Парламентот додека e опозиција и беше фаворизирана за да победи на претседателските и парламентарните избори во 2024 година“, пишува во извештајот.
Назадувањето е видливо и во регионот, каде пад на оценката бележат Црна Гора и Босна и Херцеговина, најголем пад има Србија, а оценката останува иста за Хрватска, Косово и Албанија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов
Георгиевски: Министерот во 2012 година не ја потпиша дозволата за „Пулс“, Обвинителството ја погрешило адресата
Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода не и плаќаше на „Лајка“ зошто не ја добиваше услугата
Мицкоски: Нека најдат Филипче, Фрчкоски и Жерновски еден мигрант од договор и трајно ја напуштам политиката
ПРЕТРЕСИ ВО ЧАИР, АРАЧИНОВО, ЧЕНТО: Се бараат докази за дела поврзани со дрога и оружје
МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ - поранешниот министер се гони за злоупотреба на службена дејност
„Совеста ми е апсолутно чиста“, вели ексдиректорот на ДЗС Џафероски, обвинет за пожарот во „Пулс“
Салиу: Обвинението против мене за „Пулс“ е монтирано и поради политички игри





