МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ - поранешниот министер се гони за злоупотреба на службена дејност
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2025 12:03
Покрената е кривична пријава против поранешениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Ова го објавија денеска Министерството за внатрешни работи, од каде посочуваат дека пријавата кон Спасовски е за дело од 2021 година.
- На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ.
О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект- технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари - се посочува во нивното соопштение.
Од МВР додаваат дека Спасовски делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи.
- Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила - се појаснува во објавата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов
Георгиевски: Министерот во 2012 година не ја потпиша дозволата за „Пулс“, Обвинителството ја погрешило адресата
Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода не и плаќаше на „Лајка“ зошто не ја добиваше услугата
Мицкоски: Нека најдат Филипче, Фрчкоски и Жерновски еден мигрант од договор и трајно ја напуштам политиката
ПРЕТРЕСИ ВО ЧАИР, АРАЧИНОВО, ЧЕНТО: Се бараат докази за дела поврзани со дрога и оружје
„Совеста ми е апсолутно чиста“, вели ексдиректорот на ДЗС Џафероски, обвинет за пожарот во „Пулс“
Дали СДСМ „залута“ во мигрантската приказна и имаме ли причини за страв?
Салиу: Обвинението против мене за „Пулс“ е монтирано и поради политички игри
Филипче: Ќе поднесеме Резолуција да го сопреме носењето мигранти, ако не се прифати, ќе повикаме на протест





